Екипата на Њукасл Јунајтед заврши голем трансфер, најголем во историјата на клубот и го донесе Александер Исак од Реал Сосиедад.
22-годишниот Швеѓанец доаѓа меѓу „страчките“ како рекордно засилување и ќе чини 63 милиони фунти. Тоа е најскапото засилување кое клубот ќе го добие во ерата на инвеститорите од Саудиска Арабија. Исто така Исак ќе биде и најскапиот продаден играч во историјата на Реал Сосиедад.
Со ангажманот на Исак, Њукасл ќе го урне претходниот трансфер-рекорд кој беше поставен со купувањето на Бруно Гимараеш од Лион во јануарскиот преоден рок за сума од 41,5 милиони фунти.
Исак дојде во Реал Сосиедад од Борусија Дортмунд во 2019 година и даде 44 гола на 132 натпревари во сите натпреварувања. На интернационалната сцена за Шведска, тој има 37 меча со вкупно девет гола.