Арсенал со победата над Тотенхем од 2-0 цврсто чекори кон шампионска титула во Премиерлигата. Сега побегна на плус осум бодови пред актуелниот првак Манчестер сити, кој вчера го загуби градското дерби од Јунајтед (1-2).

„Топчиите“ во дербито на „Вајт Харт Лејн“ ја остварија 15-та победа во 18 меча, за 47 бода на лидерската позиција.

Голманот Уго Лорис со несмасна грешка си даде автогол по обидот за центаршут на Букајо Сака во 14-та минута, а Мартин Одегард во 36-та ја дуплираше предноста и ја обезбеди победата по аистенцијата на Сака.

За Тотенхем ова беше шести пораз и останаа петти со 33 бода на табелата.