Борусија Дортмунд на гостувањето кај Бохум, освои само бод во второто коло во германската Бундеслига, со ремито 1-1.
Унион Берлин повторно одигра фуриозно и со 4-1 славеше како гостин во Дармштад.
Даниел Мален во 56-та минута го извади бодот за „милионерите“, откако Бохум по 13 минути игра поведе преку Строгер, но иако имаше повеќе од пола час за пресврт, Борусија не успеа да дојде до втор гол за победа, па само со бод се враќа од ова гостување.
Доскорешниот фудбалер на Интер, Робин Госенс, германски репрезентативец даде два гола во првиот дел, а Бехренс и Доехи погодија по еднаш за лесната победа во Дармштат на берлинскиот бундеслигаш Унион, кој во првото коло убедлив беше и против Мајнц.
Хофенхајм направи епски пресврт во кој Андреј Крамариќ, хрватскиот репрезентативец е јунак со гол во судиското надополнување за победа со 3-2, иако до 13 минути пред крајот беа во негатива од 0-2.
Бесте промаши пенал во 16-та, даде гол десет минути потоа за водство на Хајденхајм, а Пиерингер во 58-та ја дуплираше предноста и Хофенхајм беше во голема негатива, но за три минути од 77-та до 80-та, Бајер и Кадерабек израмнија, а Крамариќ потоа во 90-та погоди за комплетен пресврт.
Фрајбург со 1-0 славеше против Вердер, додека Волфсбург триумфира со 2-1 на гости кај Келн.