28-годишниот напаѓач на Хајдук Марко Ливаја вчера беше можеби најдобриот на теренот во победата над вечниот ривал Динамо Загреб.
Во 60. минута Ливаја постигна гол а во 94. минута асистираше за голот за конечни 0:2.
Репрезентативецот на Хрватска по победата беше пречекан во Сплит пред стадионот Пољуд од навивачите на Хајдик, а после тоа забавата продолжи во ноќен клуб.
Таму го кренаа Марко Ливаја на раменици, а ѕвездата на Хајдук со фановите испеа навредлива песна „Го мразам Динамо, тоа српско име“.
Овој говор на омраза кој сите хрватски медиуми го осудија.