Златан Ибрахимовиќ одговори на прашањето дали Кристијано Роналдо му е подобар играч од Лионел Меси и дали смета дека еден од нив е најдобар играч на сите времиња.

Диего Марадона како што рече, не го гледал како игра во живо, па за најдобра избрал една бразилска легенда.

„Би рекол дека најдобар фудбалер на сите времиња е Роналдо „Ил Феномено“. Марадона го гледав само на снимки на телевизија, а Роналдо во живо и се обидував да го имитирам“, изјави Ибрахимовиќ, кој исто така кажа кој е подобар играч за него. Меси или Кристијано Роналдо.

„Тежок избор, и двајцата се исклучително силни. Ако треба да изберам, би го избрал Меси затоа што играв со него, а се што прави не се учи, туку му доаѓа природно”.