Претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро поднесе оставка, потврдија од клубот од Џенова.
„Со големо чудење дознавме дека против Масимо Фереро денеска е изречена мерка притвор. Тоа беше барањето на државното обвинителство на Паола, во врска со настаните од пред многу години“, рече Сампдорија.
„Меѓутоа, за да ги заштити интересите на другите активности во кои работи, а особено за да избегне какви било шпекулации во врска со Сампдорија и светот на фудбалот, Фереро има намера да ја официјализира својата итна оставка“, се додава во соопштението.
Италијанските медиуми претходно денеска објавија дека Фереро е уапсен поради наводна финансиска проневера која не е поврзана со клубот.
Тој во интервју за Република пред два дена изјави дека е „уморен“ и дека бара инвеститори кои би можеле да го купат клубот.
Апсењето и оставката на Фереро доаѓа во време кога тој го сакаше тренерот на Црвена звезда Дејан Станковиќ на клупата на тимот, но од тоа нема да има ништо барем до крајот на сезоната.
Сампдорија моментално е 15-та на табелата во Серија А со 15 освоени бодови.