Екипите на Баерн Минхен и Баер Леверкузен ремизираа (1-1) во големото дерби од Бундес-лигата. Актуелниот шампион не загуби на „Алијанц арена“, а Баерн остана на врвот на табелата со 13 освоени бода.
„Баварците“ имаа повеќе од играта, упатија далеку повеќе удари од актуелниот шампион, меѓутоа на крајот мораа да се задоволат со реми од 1-1.
Најзначајните моменти на пресметката на „Алијанц Арена“ се случија во првото полувреме, во периодот од 31 до 39 минута кога во фокусот беа двајца германски репрезентативци Андрих и Павловиќ.
Андрих прво одлично погоди за водство на „фармацевтите“, но потоа Павловиќ возврати со „проектил“ од далечина за изедначување.
За двете екипи ова е прво сезонско реми со тоа што за Баерн ова се првите два загубени бода во шампионатот.