Арсенал во уште еден ефикасен натпревар со 4-2 беше подобар од Лестер. Мартинели и Тросар во првиот дел обезбедија предност од 2-0 за топџиите“. Изгледаше дека нема да има проблеми за Арсенал во овој натпревар, но во вториот дел Џастин постигна два гола и донесе израмнување за Лестер на 2-2.

За нов гол на Арсенал се чекаше до 94. минута и повторно стрелец беше Тросар, конечните 4-2 длабоко во судиското продолжение ги постави Хаверц. Арсенал со овие три бода доаѓа до 14 бода колку и што има Манчестер Сити кој ремизираше со Њукасл.