Палмер овие четири гола ги постигна во првите 45 минути и така стана првиот фудбалер во историјата на Премиер лигата кој постигнал четири гола во првото полувреме.
Се што беше интересно на овој натпревар видовме во првото полувреме, Рутер го отвори резултатот по само седум минтуи игра и донесе водство за Брајтон. Сепак, потоа на сцена стапи Палмер.
Палмер прво го изедначи резултатот во 21. минута, а во 28. минута погоди за комплетен пресврт. Веќе во 31. минута го комплетираше хет-трикот. Балеба три минути по третиот гол на Палмер намали на 3-2, но во завршницата Палмер го постигна и четвртиот гол.
Во второто полувреме Челси создаде повеќе прилики, видовме и поништен гол на Кукуреља, но резултатот на крајот не се промени.
Во останатите натпревари Брентфорд и Вест Хем ремизираа 1:1, Евертон со 2-1 беше подобар од Кристал Палас, а Фулам запиша минимален триумф со Нотингем 0-1.