Динамо во првото полувреме постигна два гола преку Мартин Батурина и Бруно Петковиќ, додека водството на стартот на вториот дел го зголеми македонскиот интернационалец Аријан Адеми.
Лука Врбанчиќ во продолжение намали за 1-3, но тоа беше сè од гостите бидејќи Динамо повторно нападна и во завршницата преку Раул Торенте погоди уште двапати за убедлив триумф од 5-1.
На теренот беше уште еден македонски интернационалец, Стефан Ристовски кој асистираше при првиот гол за Динамо.
Динамо Загреб по осум одиграни натпревари се наоѓа на третата позиција со 16 бодови, односно еден помалку од Риека и Хајдук.