Екипите на Манчестер Јунајтед и Ливерпул играа во големото дерби од четвртфиналето на англискиот ФА Куп, а до победа на крајот јстигна домашниот тим, кој славеше по голема борба и драма во продолженијата (4-3). Дуелот со сигурност ќе влезе во историјата на најстарото клупско натпреварување во светот, а „ црвените ѓаволи“ го слават триумфот против најголемиот ривал и патот кон „Вембли“. Во полуфиналето на ФА Купот претходно се квалификуваа Манчестер Сити, Челзи и Ковентри Сити.
Манчестер Јунајтед дојдое во водство преку Скот Мектоминеј во 10. минута, но Ливерпул до крајот на првите 45 минути покажа дека е во подобра форма и неслучајно е меѓу главните кандидати за титулата во Премиер лигата. Алексис Мек Алистер донесе израмнување во 44. минута, а Мохамед Салах се запиша во листата на стрелците и го постави резултатот на паузата (1-2).
Домашните фудбалери не се предаваа и се обидоа со завршен налет да дојдат до ново израмнување, а тоа им успеа во 114. минута, кога Маркус Рашфорд конечно успеа да го совлада Келехер и го постигна третиот гол за тимот на Ерик Тен Хаг. И кога сите помислија дека победникот ќе биде решен во пенал-рулетот, на сцената стапи Амад Диало, кој доби одлична топка од Рашфорд и во 120. минута ги постави конечните 4-3, носејќи ерупција од воодушевување на „Олд Трафорд“.
На крајот „ѓаволите“ извојуваа голема и важна победа над вечниот ривал, со која обезбедија пласман во полуфиналето од ФА Купот и остануваат во игра барем за еден трофеј сезонава.