„Жолтата подморница“ беше посериозна во нападот, а првата поголема шанса за водство ја имаше во 39. минута, но Баена тогаш не искористи пенал.
Хорхе Куенка беше херој за Вилјареал, откако го постигна единствениот гол во 54. минута од натпреварот.
Вилјареал има 38 бодови на деветтото место во Ла Лига, додека Валенсија е на осмата позиција со два бода повеќе.
Голем победа постигна Селта Виго на гости кај Севиља со 1-2 (1-0). Домаќинот на „Рамон Санчез Писхуан“ поведе на стартот преку Јусеф Ен Несири. Севиља долго време го бранеше водството, меѓутоа продолжението и припадна на Селта. Прво Карлес Перез погоди за 1-1 во 72. минута, за шест подоцна вистинско ремек-дело да изведе Странд Ларсен. Напаѓачот доби нафрлување од Бамба, па ефектно со пета погоди во мрежата на домаќинот.
Гостинска победа во попладневниот термин запиша и последнопласираната Алмерија, која првпат сезонава ги израдува своите приврзаници. „Фенерџијата“ со голот на Лео Баптистао го сруши Лас Палмас како гостин.