Екипата на Баер Леверкузен цврсто чекори кон титулата во Бундес лига. Машинеријата на Алонсо го прегази и Фрајбуг, откако денеска триумфираше со 3-2 на гости кај Фрајбург во 26. коло од првенството.
Само две минути му беа потребни на гостинот да поведе, откако Флоријан Вирц погоди по асистенција на Грималдо. Сепак, Фрајбург успеа бргу да се врати резултатски со гол за 1-1. Стрелец беше јапонскиот интернационалец Ритсу Доан по десет минути игра. До полувремето гостите од Леверкузен пак успеаја да поведат, преку Хлозек кој во 40. минута погоди за 1-2.
Шик беше стрелец на третиот гол за Леверкузен во 53. минута од натпреварот, додека Кеител намали на 2-3 во завршницата од средбата во Фрајбург.
Леверкузен е прв на табелата со 70 бодови по 26 одиграни кола, односно 10 бода повеќе од Баерн Минхен.