Екипата на римски Лацио ја потврди фаворитската улога и славеше над Верона со 2-1 во последниот дуел од четвртото коло во Калчо лигата.
Клубот од Рим како и на претходните три средби во Серија А (Милан, Венеција, Удинезе) прими гол со тоа што овојпат дојде до победа пред своите гледачи.
Стрелци на головите беа напаѓачите Диа и Кастелјанос, два гола при кои улогата на асистент ја имаше италијанскиот репрезентативец Закањи.
Лацијалите сега имаат седум бода со што се на шестата позиција на табелата.