Хаверц стави крај на лошата серија на Челзи кој конечно успеа да победи во Премиер – лига по подолга пауза откако на „Стемфорд бриџ“ го совлада Кристал Палас со 1-0. Каи Хаверц беше стрелец на единствениот гол за „сините“ од Лондон и сега веројатно малку му е полесно и на менаџерот Потер.

Њукасл исто така славеше со 1-0 на дуелот против Фулам. Александер Исак во финишот, во 89.минута го скрши отпорот на гостите.

Фулам имаше прилика да поведе против Њукасл во 69 мин. кога Митровиќ промаши од пенал.