Сѐ наликуваше дека незаслужениот пораз со Барселона, денеска ќе ги врати на победнички колосек откако Анхел Кореа погоди за водство во 18-та минута од мечот, но Алмерија брзо успеа да се врати и во 37-та преку Ел Билал Туре да израмни. Бо вториот дел Алваро Мората промаши две одлични шанси, а Туре исто толку за Алмерија и мечот заврши нерешено.
Во завршницата Алмерија не успеа да искористи играч повеќе откако Серхио Регулион беше исклучен поради две опомени. За Алмерија ова беше трета сезонска нерешена средба и со 18 бода е на 13-то место, а Атлетико четврти пат играше реми за 28 бод.