Висам Бен Једер постигна хет-трик, а Монако за едно полувреме му даде пет гола на Ајаачио за на крај да го здроби со 7-1. Ова е четврта победа во последните шест меча со што „кнезовите“ стигнаа до четвртото место на табелата.

 Монако по само шест минути, Аксел Дисаси во втората, Крепин Диата четири минути подоцна дадоа два гола за загревање, по што Бен Једер стапи на сцена откако Ајачио во 11-та само привремено најави поинтересен меч.

Бен Једер во 14 минути од 21-та до 35-та даде хет-трик и ја обезбеди победата,  со најава на ривалот за тотална катастрофа.

Во вториот дел, Бриел Емболо со двата гола во 63-та и 89-та минута стави печат на мега триумфот со кој Монако дојде до 37 бода. Ајачио со 12-от сезонски пораз остана на 15 место во опасната зона.