Најубедливите победи во Лигата на Европа се од групата Г, а ги остварија екипите на Рома и Славија Прага.

Финалистот од минатата сезона го победи Сервет со 4-0 за втор победа сезонава во ЛЕ. Два гола постигна Белоти, а по еднаш погодија Лукаку и Пелегрини, па по неполн час игра веќе беше јасно дека римјаните ќе ги освојат трите бода. Славија од Прага со 6-0 го здроби молдавски Шериф, а резултатот можеше да се насети во првите седум минути во кои чешкиот тим веќе два пати ја затресе противничката мрежа.

 

Читил ги постигна првиот и последниот гол, а погодија уште Огбу, Шранц и Дудера, додека Гарананга си постигна автогол. Во следното коло, во директен дуел се среќаваат водечките Рома и Славија.

 

Ливерпул беше многу подобар од белгискиот Унион, но дури во 92. минута ги реши дилемите околу победникот. „Црвените“ славеа со 2-0 со тоа што резултатот го отвори Гравенберх во 44. минута, а точка стави Диого Жота во судиското продолжение. Ливерпул е на првата позиција на табелата во групата Е со максимални шест бода.