Македонскиот репрезентативец Миовски по пауза од шест меча без гол, му даде гол на Глазгов Ренџерс во полуфиналето на „Хампден парк“ во Глазгов во Лига Купот. Финалето на Абердин му побегна откако „полицајците“ по продолженија победија со 2-1 за финална пресметка со лутиот ривал Селтик.
Миовски даде гол во 41-та минута, после поништениот прв погодок во 17-та поради офсајд со потврда од ВАР. Еден час траеше сонот на Абердин за финале, но Рајан Џек израмни во 61-та минута, а потоа Ренџерс доби предност на теренот.
Ентони Стујарт во третата минута од судиското надополнување во регуларниот дел беше исклучен, па со десетмина Абердин не можеше, а Кемар Рофи постигна гол кој на крајот го реши победникот, во 94-та минута.
За Миовски ова беше 13-ти гол сезонава за Абердин, втор во Лига-купот.