Пари Сен Жермен му гостува на Лил во големото дерби од 3. коло во француската Лига 1, а домаќините немаа време ни да пролеат прва капка пот, кога Килијан Мбапе го отвори резултатот.
Потребни беа осум секунди за топката да тргне од центар, Меси да го проигра Мбапе, а Французинот да ја затресе мрежата. Ова е најбрзиот гол во француската Лига 1, откако познатиот центар за статистика „Опта“ ги мери секундите (2006/07), но можеби и најбрз воопшто, бидејќи за досегашниот рекорд биле исто така потребни осум секунди, во 1992 година, на дуелот Каен – Кан.