Откако голманот на светците Џанлуиџи Донарума јавно се пожали дека ситуацијата во ПСЖ не му е идеална, бидејќи не бранеше на сите натпревари сезонава, клубот веднаш донесе одлука да го стави Кејлор Навас на трансфер-листа.
Италијанецот од следната сезона ќе биде неприкосновен број 1 кај парижаните, а клубот очекува неколку добри понуди за Кејлор Навас. Костариканецот важи за еден од најдобрите светски голмани, но во исто време еден од најпотценетите.
Тој сигурно ќе има доста понуди за продолжување на кариерата, но не е јасно дали за него има место во некој од европските гиганти, кои барем засега сите имаат исклучителни голмани помеѓу стативите.