Најдобрите лиги во светот завршија, но не дојде крајот на најдобрите голови кои се постигнуваат низ светот. Во полн ек е американското фудбалско првенство, популарната МЛС-лига, каде што беше постигнат еден од најубавите голови.
Орландо водеше со 2:1 против Филаделфија, кога во 90-тата минута Жозе Мартинес постигна прекрасен гол за 2:2. Венецуелскиот интернационалец на атрактивен начин ја зафати топката и шутираше прецизно, а голманот на Орландо беше немоќен.
Овој дуел од трибините на стадионот го следеа и некогашните големи бразилски ѕвезди Роналдињо и Роберто Карлос, кои сигурно беа воодушевени од потегот на Мартинес. За Мартинес ова е прв погодок во дресот на Филаделфија, каде што игра три години и сигурно е меѓу кандидатите во трката за добивање на престижната награда „Пушкаш“.