Турскиот репрезентативец, напаѓачот Бурак Јилмаз ја заврши репрезентативната кариера. Неговата репрезентација со 3-1 беше поразена од Португалија во полуфиналето на квалификациите за Светското првенство во Катар, а тој во 85. минута промаши пенал за израмнување на 2-2.

„Кога го добивме пеналот си реков дека тоа е сигурен гол. Почнав да размислувам за тоа што следува по пеналот. Не ни помислував дека можам да промашам и многу сум разочаран. Жал ми е. Оваа казна ќе ја сонувам секоја вечер до крајот на мојот живот“, изјави Бурак Јилмаз и напомена дека ја завршува репрезентативната кариера.

Последното големо натпреварување на кое настапи беше Европското првенство минатата година.