Рускиот милијардер Роман Абрамович реши да го продаде Челси, откако беше протеран од Велика Британија, па во медиумите постојано се шпекулира за тоа кој ќе биде следен газда, а најновото име кое се појави е на британскиот тајкун Ник Кенди и неговата сопруга со српско потекло, Холи Валанс.
Валанс е ќерка на поранешниот српски манекен и музичар Рајко Вукадиновиќ, а родена е во Австралија и под уметничкото име „Валанс“ беше дел во голем број серии и филмови, а сега би можела да стане и газдарица заедно со нејзиниот сопруг.
Абрамович е под голем притисок од Велика Британија и затоа реши да го продаде Челси, но нема да ја намали цената и бара околу три милијарди фунти за да го препушти клубот во други раце.