Српскиот тандем Душан Влаховиќ – Филип Костиќ вечерва го одведоа Јувентус до триумфот, ама победата е добредојдена и пред двата меча со Макаби Хаифа во ЛШ кои Јуве мора да ги добие за да остане во трката за осминафиналето по воведните два порази во европската елита.
Костиќ во 24-та минута на асистенција на Влаховиќ даде гол за водство, а потоа центарфорот на Јуве погоди во 59-та за да ја дуплира предноста и практично да ја обезбеди победата, која Аркадиуш Милик ја запечати три минути потоа.
Јувентус со победата сега дојде до 10 бода и е на деветтото место, додека Болоња остана на шесте и е прва над црвената зона која води во Серија Б.