Лил со 4-3 го совлада Монако во неверојатно интересен натпревар во рамки на 12.коло во Лига 1.
По првото полувреме беше 2-2, бидејќи Лил поведуваше, а Монако израмнуваше. Александро погоди за 1-0, но Кајо Енрике донесе 1-1 кај гостите. Реми Кабеља реализираше за 2-1, но Аксел Дијаси врати на спротивната страна.
Во вториот дел, Висам Бен Једер направи целосен пресврт и ги доведе „кнезовите“ од Монако во водство од 2-3. Кабеља со својот втор гол повторно го израмни натпреварот на 3-3, а победничкиот гол за домашните го постигна Џонатан Бамба во 70.минута.
Лил со третата победа по ред стигна до шестата позиција со 22 бода, Монако сега има еден бод помалку на седмата позиција.