Италијанскиот калчолигаш Рома обезбеди пласман во Лигата на Европа откако во драматична пресметка, по вистинска драма успеа да го елиминира Феенорд по подобро изведување пенали (4-2). Херој на „волчицата“ беше голманот Миле Свилар кој успеа да одбрани два удари од белата точка на холандскиот тим.
Во регуларниот тек, дуелот заврши 1-1, идентично како и на првиот дуел во Холандија.
Сантијаго Хименез во петтата минута го доведе Феенорд во водство, но експресно израмни Лоренцо Пелегрини.
Немаше разврска по 90 минути, ниту по продолженијата, па решаваа пеналите. Прво промаши Ромелу Лукаку, но потоа Миле Свилар ги одбрани ударите на Ханко и Јахабанкш и ја однесе Рома во осминафиналето.