Олимпик Марсеј игра променливо во француското првенство, но во Лига Европа триумфираше со 3-1 против Шахтјор Доњецк и се пласира во осминафинале.
Судаков од пенал погоди за водство од 1-0 во 12. минута и ја врати надежта кај Шахтјор дека може да се надева на пласман во следната рунда.
Но надежта кратко траеше бидејќи Обамејанг беше стрелец за 1-1 во 23. минута и ги врати гостите во реалност, а потоа во второто полувреме Сар и Кондогбија погодија за целосен пресврт (3-1).
Пјер-Емерик Обамејнг го запиша своето име во историјата на Лига Европа како најуспешен стрелец откако го постигна 31. гол во ова натпреварување. Вечерва тој беше стрелец и асистент за Олимпик Марсеј во триумфот од 3-1 против Шахтјор . Првиот натпревар заврши 2-2.
Пласман во следното коло обезбедија Спортинг Лисабон, Фрајбург и Спарта Прага.