Крилниот напаѓач на Барселона, Ансу Фати, имаше мала минутажа оваа сезона. Тој преку својот агент Жорге Мендеш побарал од клубот или да ја добие минутажата што ја заслужува, а има клаузула од една милијарда евра, или да го продадат.
Фати има договор до 2027 година со откупна клаузула од една милијарда евра, но Барселона е подготвена да го продаде за 70 милиони евра, и е подготвена да преговара за сумата.
Ансу Фати дебитираше за Барселона во 2019 година како 16-годишник и беше најавен како најголемиот талент што се појавил од „Ла Масија“ во последните неколку години. Неговиот развој го ограничија бројните повреди, поради кои извесен период беше надвор од тимот, а по опоравувањето се најде зад Осман Дембеле и Рафиња во ротацијата на Чави.