Полјакот Давид Кубацки славеше на третата станица од турнејата „Четири скокалници“ во Инсбрук, откако скокна 127 и 121,5 метри и освои вкупно 265,2 поени.
Веднаш за Кубацки заврши Норвежанецот Халвор Гранерунд, кој со скокови од 123 и 133 метри заработи 261,7 поени, додека третата позиција му припадна на Словенецот Анже Ланишек со 258,8 поени.
Во генералниот пласман лидер е Гранерунд со 616,1 бод, по што следи Кубацки со 589,3, а третата позиција е резервирана за Пјотр Зила со 576 бодови.