Јапонецот Риоју Кобајаши победи во Гармиш-Партенкирхен, втората станица на новогодишните четири скокалници.
По триумфот во Оберсдорф, до истиот стигна и во вториот германски град, домаќин на познатото натпреварување.
Новиот успех му го донесе пред сè одличниот скок во првиот круг од натпреварувањето (143,0 м.), кога изби на чело на поредокот.
Во втората серија му се заканија Маркус Ајзенбихлер, Мариус Линдвик и двајцата Словенци Ловро Кос и Тими Зајц, но тој ја задржа предноста и славеше.
На крајот имаше вкупно 291,2 поени, точно 0,2 повеќе од Ајзенбихлер, кој за малку ќе го сменее Јапонецот на врвот во втората серија. Словенецот Ловро Кос заврши трет на подиумот со 286 поени.
Следуваа Мариус Линдвик, Јан Херл, Јукиа Сато, Карл Гајгер, а во Топ 10 се најдоа и Халвор Егнер Гранеруд, Тими Зајц, Стефан Леје.
Кобајаши сега е на првото место во генералниот пласман со 696 бодови, 21 повеќе од Гајгер.
Следуваат Норвежаните Гранеруд и Линдвик, а потоа Германецот Ајзенбихлер.
Турнејата продолжува со натпреварувањето во Инсбрук, на 3 јануари.