Норвешкиот ски-скокач Мариус Линдвик е победник на натпреварувањето во Светскиот куп во Вилинген, Германија, последно пред почетокот на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Линдвик дојде до шестата победа во кариерата откако во втората серија напредуваше за пет позиции.
Тој забележа скокови од 140 и 144,5 метри (243,8 поени), додека второто место му припадна на лидерот во генералниот пласман Германецот Карл Гајгер со скокови од 139,5 и 140 метри (238,7).
Последното место на победничкиот подиум го зазеде Словенецот Цене Превц со скокови од 148 и 133,5 метри, што е најдобар пласман во кариерата на 25-годишниот натпреварувач.
Јапонскиот натпреварувач Риоју Кобајаши напредуваше од 12. на четврто место во втората серија, со скок во финалната серија од 152 метри, еден помалку од рекордот на скокалницата.
Во Светскиот куп води Гајгер со 1.189 бодови, Кобајаши има три помалку, додека на третото место е Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд со 910 бодови.
Зимските олимписки игри во Пекинг се закажани за 4 до 20 февруари.