Трајковски го реализираше трансферот преку агенција „Џевахир менаџмент“ и стави потпис на договор вреден 1,5 милиони евра годишно со Ал Фаја, па така ќе му се приклучи во Саудиска Арабија на неговиот колега од репрезентацијата, Езгјан Алиоски, кој веќе игра за Ал-Ахли.
Искусниот напаѓач во дански Алборг имаше девет настапи, но не успеа да постигне ниту еден гол, туку имаше само две асистенции, а во текот на кариерата го носеше дресот уште и на Палермо, Интер Запрешиќ, Цементарница, Мајорка, Зулте Варегем и Мехелен.