Ако немате билет, а сакате да го гледате натпреварот Италија-Македонија в четврток, имате уште една „шанса“, а тоа е да набавите билет на „црно“.
Цените за еден билет на „црно“ достигнаа рекорди 1.079 евра.
„Ренцо Барбера“ е распродаден, па сега тие што имаат билет а сакаат да го препорадат бараат за него и неверојатни 1.079 евра. Ова денеска го пренесува Palermotoday.it. Имено се напоменува дека на веб- страницата Viagogo.com цените вроглаво растат. Има и такви кои бараат и 1.079 евра за билет за мечот Италија – Македонија.