Бурхарт и Нијакате донесоа водство од 2-0 за Мајнц, намали Левандовски, а конечниот епилог го постави Леандро Бареиро во второто полувреме.
Полтер и Холтман за осум минути донесоа предност од 0-2 за Бохум, а Ерлинг Халанд со два пенали успеа да израмни до крајот на првиот дел. Халанд во 62.минута се погрижи за пресврт, но потоа Бохум погоди двапати преку Локадија и Пантовиќ за конечни 3-4.
Келн славеше на гости кај Аугсбург со 1-4, а Штутгарт и Волфсбург ремизираа 1-1.