Борусија Дортмунд беше поразена во германскиот Суперкуп од Баерн со 3:1. Сепак, тоа не го спречи Ерлинг Халанд да направи убав гест.

Дека беше добро расположен, најдобро знае малиот навивач кој држеше транспарент на трибините во текот на целиот натпревар на кој пишуваше дека го сака дресот на Халанд.

Норвешкиот напаѓач ја исполни својата желба по натпреварот. Го соблече дресот, прескокна три реда трибини и дојде до малиот навивач да му го подари дресот.

https://twitter.com/ESPNFC/status/1427730215560568836?s=20