Откако Лео Меси замина во ПСЖ дресот со број десет во Барселона е слободен и до сега никој не се осмелува да побара да ја носи десетката.

Шпанските медиуми прогнозираат дека „десетката“ добие нов сопственик а тоа би можел да биде Фелипе Кутињо, кого наводно клубот веќе му ја понудил.

Бразилецот изминатата сезона не покажа многу, одигра само 10 натпревари а Барселона се обидуваше да се ослободи од неговите услуги иако договорот му важи до 2023 година. Сега, во ситуација кога по се изгледа дека Кутињо ќе остане на Камп Ноу, има големи шанси да го облече дресот кој 20тина години беше во сопственост на Меси.

https://twitter.com/ESPNFC/status/1427779898664497156?s=20