Фудбалската федерација на Италија експресно ги распродаде билетите за натпреварот против Македонија на 24. март.
Италијанците прво пуштија во продажба 6.000 билети кои беа наменети за верните членови кои секогаш ја следат репрезентација, а вчера беа пуштени дополнителни 20.000 и истите веднаш беа распродадени.
Така вкупниот број на италијански навивачи на трибините ќе биде 26.000 и тоа е 75% од вкупниот капацитет колку што е дозволено.