Големиот македониски фудбалски талент Дарко Чурлинов е официјално промовиран во Шалке04 а доаѓа како позајмен играч од неговиот матичен клуб Штутгарт.
„Дарко е напаѓач на сеопфатно ниво и може да им го отежне животот на опозициските дефанзивци со својата брзина и вештина во игра еден-на-еден. Тој претставува закана за противничката одбрана, силен е и игра со двете нозе. Неговиот стил на игра добро се вклопува во нашиот состав и ние сме задоволни што успеавме да го реализираме овој трансфер “, изјави спортскиот директор на Шалке Рувен Шредер.
„Многу сум среќен што се случи ова. Преговорите со клубот беа течеа глатко, по што се донесе лесна одлука. Како тим, имаме многу да постигнеме и сакам да придонесам за тоа “, рече Чурлинов.
Во тимот од Гелзенкирхен македонскиот напаѓач останува до јуни 2022 година, без можност потоа Шалке 04 целосно да го откупи од Штутгарт.