Ливерпул и Манчестер сити се клубовите кои во изминативе неколку сезони играат главна улога во англискиот фудбал, па не е изненадување дека токму тие ќе играат во мечот за првиот трофеј во новата сезона.
На стадионот во „Кинг Пауер“ во Лестер, Ливерпул како освојувач на Купот и Сити како првак во Премиер лигата, ќе играа за Комјунити шилд трофејот.
Јирген Клоп има повеќе проблеми, па поради повреда нема да може да смета на голманот Алисон Бекер, како и на стандардниот дефанзивец Чемберлејн. Ќе го нема ни Садио Мане кој направи трансфер во Баерн Минхен, но Клоп нема да ја менува тактиката и ќе биде во формација 4-3-3. Салах, Фирмино и Дијаз ќе бидат во нападот, а новото 100-милионско засилување Дарвин Нуњез ќе чека шанса од клупата за резерви.
И Манчестер сити има неколку промени од ланскиот тим. Најголемо засилување во летниот преоден рок е доведувањето на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд. Токму Халанд ќе го предводи нападот во кој уште ќе бидат Грилиш и Марез. Де Брујне и Силва треба да бидат главни во средниот ред, а формацијата на тренерот Пеп Гвардиола е стандардната 4-3-3.
Ливерпул и Сити во изминативе три и пол години имаат одиграно дури девет меча, а сите биле интересни и со погодоци што значи дека и во ова финале може да очекуваме погодоци на двете страни и возбудлив старт на новата сезона во елитното англиско друштво.