Штутгарт до крајот ќе води тешка битка за опстанок. Пет натпревари без победа во Бундеслигата, овојпат загубија на свој терен од Вердер Бремен со 2-0.

По мирно прво полувреме, резултатот беше отворен во 59. минута кога Стеџ по една грешка на домаќините постигна убав гол за водство на Вердер од 1-0.

Во 77. минута уште поубав гол даде Дукш кој ги постигна конечните 2-0 за Вердер.

Штутгарт се наоѓа на 16. место со 16 бода. На последните пет средби има освоено само два бода.