Нотингем форест со 1-0 го доби натпреварот против Лидс во Премиерлигата и ја продолжи серијата без пораз.
Нотингем поврза пет натпревари без пораз, денеска дојдоа до три бода во дуелот против Лидс кој им е еден од директните ривали во битката за опстанок.
Единствениот погодок на мечот беше постигнат во 14. минута кога Џонсон даде убав гол за водство на Нотингем кое значеше и три бода.