Хари Кејн испиша историја, стана најдобар стрелец на Тотенхем на сите времиња. Кејн постигна гол против Манчестер Сити и стана фудбалер со најмногу голови за Тотенхем.

Кејн во 15. минута му даде гол на Манчестер Сити за водство на Тотенхем од 1-0. Овој погодок беше посебен, историски.

За него ова беше голот број 200 во Премиерлигата, а вкупно 267. во дресот на Тотенхем во сите натпреварувања со што стана најдобриот стрелец во историјата на клубот надминувајќи го Џими Гривс кој имаше 266.

 

Манчестер сити не го искористи киксот на Арсенал и загуби вечерва на гостувањето во Лондон кај Тотенхем со 0-1, а стрелец на единствениот гол беше англискиот напаѓач Хари Кејн.

Избраниците на Пеп Гвардиола се обидуваа да стигнат до гол за реми, меѓутоа напаѓачите на Сити останаа без муниција и го запишаа четвртиот пораз во Премиерлигата.

Арсенал е лидер со 50 бодови на првата позиција, односно пет повеќе од Манчестер сити, додека Тотенхем со победата стигна до 39 бода и се приближи до топ-4 на само еден бод.