Ељиф Елмас по скоро пет години минати во Италија, се пресели во Германија, каде ќе го носи дресот на еден од најдобрите тимови во Бундеслигата – РБ Лајпциг.
Македонскиот фудбалски ас Елмас по двегодишната авантура во Фенербахче, во 2019 година го засили Наполи, клуб со кој минатата сезона испиша историја и стана шампион на Италија. Но, малата минутажа го натера нашиот ас да размислува за промена, а таа беше официјализирана во средата, кога РБ Лајпциг го претстави македонскиот „дијамант“. По заминувањето, Наполи покажа големина и со специјално видео се заблагодари на својата поранешна „седумка“.
„Ти благодариме за емоциите кои ни ги даде. Сега те чекаат нови предизвици и ние секогаш ќе навиваме за тебе“, напишаа од Наполи.
Елмас на втори јануари ќе ги започна подготовките со својот нов клуб, а дебито се очекува да го има на 13 јануари, на дуелот против Ајнтрахт Франкфурт.