Кадиз имаше солидно водство од 0-2 на „Ванда Метрополитано“, но, сепак, не успеа да освои бодови. Тимот на Диего Симеоне покажа победнички карактер и славеше со 3-2 со голем пресврт.


Кадиз поведе со голот на Лукас Пирес, а Роџер Марти зголеми на 0-2.

Анхел Кореа постигна гол за Атлетико Мадрид во 32.минута, а тоа беше најава за одлично второ полувреме.

Хозе Молина израмни на самиот старт на вториот дел, а Анхел Кореа беше стрелец на победничкиот гол во 66.минута.

Бетис ја победи Валенсија со 3-0. Дијао, Рока и Елзалзули беа стрелци на головите за домашниот тим на овој меч.