Фудбалерите на Шкотска и Украина во среда од 20:45 часот во Глазгов на Хемпден Парк ќе го одиграат полуфиналниот натпревар од квалификациите за Светското првенство во Катар.

Победникот од овој натпревар ќе игра против Велс, кој ја победи Австрија со 2:1 за пласман на Светското првенство. Тој натпревар е закажан за 5 јуни во Кардиф.

Средбата во Глазгов ја најави Украинецот Олександар Зинченко, дефанзивецот на англиски Манчестер Сити, кој цела сезона ја доживува многу емотивно поради воената агресија на Русија врз неговата земја.

Тој заплака на прес-конференцијата додека го најавуваше мечот, а емоциите го совладаа и неколку пати претходно оваа сезона.

„Разговарав со луѓе од различни земји, од целиот свет, и разговарав со украински деца кои едноставно не разбираат што се случува во Украина. Тие само сакаат војната да заврши. Тие само сонуваат за крајот на војната Кога станува збор за фудбалот и репрезентацијата, ние го имаме нашиот сон, а тоа е Светското првенство. Сакаме да му го поклониме тоа на нашиот народ“, рече Зинченко.

https://twitter.com/ESPNFC/status/1531750664350613504?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1531750664350613504%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ffudbal%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D06dd%3D01nav_id%3D2164396