Хрватскиот фудбалер Нико Галешиќ од екипата на Риека со неверојатен гол од слободен удар му донесе триумф на својот тим од 1-0 на гостувањето кај Рудеш во четвртфиналето на хрватскиот Куп.
Риека е третиот полуфиналист, заедно со Хајдук и Локомотива, а четвртиот патник ќе се знае вечерва после пресметката на Динамо Загреб со Горица.
Во 78-ма минута за Риека беше досуден слободен удар на 30-тина метри од голот на домашните. Галешиќ покажа дека има топовски удар и упати силен и прецизен удар по кој топката прво удри во пречката, а потоа заврши во мрежата.
https://twitter.com/i/status/1762853329862881559