Фудбалерите на Волфсбург одиграа извонреден натпревар и ја остварија петтата победа по ред во Бундеслигата, откако беа супериорни со Фрајбург и победија 6-0.

Волфсбург даде три гола во првото полувреме,  еден Вимер и уште два гола на Винд (3-0).

Фрајбург немаше решение за противникот, кој продолжи да им ја торпедира мрежата, па набрзо Герхарт погоди за 4-0, а Баку и Валдшмит ги поставија конечните 6-0.

Унион Берлин беше подобар од Хофенхајм со 3-1 со головите на Доеки и Левелинг, додека Ајнтрахт Франкфурт со 3-0 го демолира Шалке, а головите ги постигнаа Линдстром, Боре и Бута.

Резултати:

Бохум – Херта 3-1
Франкфурт – Шалке 3-0
Штутгарт – Мајнц 1-1
Унион Берлин 3-1
Волфсбург – Фрајбург 6-0