Тренерот на Рома, Жозе Мурињо изјави дека Пауло Дибала ќе биде еден од најдобрите играчи на репрезентацијата на Аргентина на Светското првенство во Катар, пренесоа италијанските медиуми.
Дибала во летниот преоден рок пристигна во Рома од Јувентус. Во вторникот, тој постигна два гола во победата од 3-0 против Монца.
,,Мислам дека ова е најава за тоа што ќе се случи на Светското првенство во Катар.Селекторот на Аргентина треба да ми испрати неколку шишиња вино бидејќи на располагање ќе има фантастичен фудбалер“, изјави Мурињо.
Италијанските медиуми истакнуваат дека Дибала со добрите настапи во Рома сака да се избори за место во стартниот тим на Аргентина на Светското првенство кое ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември. За Аргентина одигра 34 натпревари и постигна три гола.
Аргентина е во група со Саудиска Арабија, Мексико и Полска.