Серена Вилијамс продолжува да победува на последниот турнир во кариерата.
Американката ја елиминира втората тенисерка во светот Анет Контавеит за да се пласира во третото коло на УС Опен.
По два и пол часа борба, Вилијамс ја победи Естонката со 7:6 (4), 2:6, 6:2.
Шампионката на 23 Грен слем турнири во третото коло ќе игра со Австралијката Ајла Томљановиќ, која по пресвртот со 1:6, 6:2, 7:5 беше подобра од Русинката Елена Родина.
УС Опен е само трет турнир сезонава за 40-годишната тениска легенда, која во пресрет на турнирот најави дека ќе ја заврши кариерата.
„Не брзам, ја сакам оваа публика. Боже мој, ова е одлично. Ми остана уште многу малку . Ќе видиме што ќе се случи“, рече Вилијамс додека доби овации од преполните трибини на Стадионот Артур Еш.
Вилијамс ја продолжи серијата без пораз во првите две кола на УС Опен, ова беше нејзин 42. триумф.